Регион

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот

 

Најголемиот број земји на листата се во Источна Европа, при што Косово, Молдавија и Македонија бележат најголем пад, јави N1.

Главната причина за овој тренд е емиграцијата, соопшти Светската банка.

Од регионот, Албанија е рангирана на 9-то место на листата од 42 земји и територии.

Источна Европа доживеа високи стапки на емиграција во последните децении поради разликите во платите во споредба со Западна Европа, како и интеграцијата во ЕУ, што создава правна рамка за мобилност на работната сила.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top