Регион

Муцунски: Ќе побараме отворање на македонски конзулат во Корча

Македонија бара отворање на конзулат во градот Корча, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, за време на посетата на Пустец

 

„Тука во Пустец имаме наша Македонска заедница. Дојдов со министерот за внатрешни работи, а министерот за култура наскоро ќе ни се придружи. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада мора да направиме повеќе за Македонското малцинство во Пустец. Мора да финансираме социјални и културни проекти во оваа област, изјави шефот на македонската дипломатија кој е дел од делегацијата која од вчера престојува меѓу нашинците во Албанија.

„Потребно е повисоко конзуларно ниво – не само за обезбедување пасоши, туку и за други аспекти. Следната недела ќе се сретнам со мојот колега Игли Хасани во Охрид. Имаме фантастичен однос со него. Исто така, ќе го замолам албанскиот министер да отвори македонски конзулат во Корча“, рече Муцунски, информира Телеграфи

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top