Регион

Носачот на авиони „Џералд Форд“ од Крит отпловил кон Сплит

Американскиот брод, на кој изби пожар на 12 март, наводно, бил повлечен во Хрватска поради најавени антивоени демонстрации

Американскиот носач на авиони „Џералд Форд“, кој пристигна во базата Суда на грчкиот остров Крит за поправки по пожарот на бродот во понеделник, вчера неочекувано отплови кон хрватското пристаниште Сплит, објавија грчките медиуми.

Според локалниот критски новински портал „Ханиа њуз“, „Џералд Форд“ ја напушти Суда вчера наутро.

Хрватските медиуми, цитирани од грчкото издание на Си-Ен-Ен, објавуваат дека дозволата за влез на носачот на авиони во хрватските води ја дала владата во Загреб на затворен состанок вчера.

Скај ТВ коментираше дека одлуката за преместување на носачот на авиони во Сплит веројатно е поврзана и со јавната атмосфера на Крит, каде што се планирани разни јавни демонстрации против војната во Иран.

Носачот на авиони бил испратен на Блискиот Исток за да учествува во воени операции против Иран. Сепак, според официјалните информации, на 12 март избувнал пожар во пералницата на бродот, кој се проширил низ системот за вентилација. Потребни биле неколку часа за да се стави пожарот под контрола. Две лица биле повредени, а уште 200 лица имале респираторни проблеми од чадот.

Најнови вести од: Регион

Марта Кос ја одби идејата на Вучиќ и Рама за влез на Србија и Албанија во Шенген-зоната и во ЕУ без полноправно членство!

Еврокомесарката Марта Кос ја отфрли идејата на Рама и Вучиќ за влез во Шенген без полноправно членство, нагласувајќи дека условите се подеднакво строги како и за пристапување во ЕУ. Според неа, Унијата ќе бара реформи без компромис, дури и во моделот на постепена интеграција.

To top