Регион

Од јануари минималната плата во Србија се зголемува за 10%, иако нема договор меѓу газдите и синдикатите

Српскиот министер за финансии Синиша Мали изјави и дека ќе продолжи трендот на намалување на вкупниот товар на платите, а ќе се зголемат и пензиите од 1 декември.

Од 1 јануари минималната плата во Србија ќе се зголеми за 10,1 отсто и ќе изнесува 371 динар по работен час. Ова значи дека просечната минимална плата следната година ќе изнесува 64.554 динари или околу 551 евро.

Денес се одржа последната седница на Социјално-економскиот совет, каде што не беше постигнат договор меѓу синдикатите, работодавачите и државата. Епилогот е дека предлогот на министерствата за финансии и за труд минималната плата да се зголеми за 10,1 процент и да биде иста како што беше најавено пред два или три месеци од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе биде усвоен на седницата на Владата во четврток.

Минималната плата во Србија од 1 октомври ќе изнесува 500 евра, а со редовното зголемување од 1 јануари следната година ќе изнесува 551 евро, изјави српскиот министер Синиша Мали по седницата на Eкономско- социјалниот совет.

Тој информира дека в четврток српската влада ќе донесе одлука за редовното зголемвање на минималната плата од 1 јануари која, како што рече ќе изнесува 551 евро.

  • Многу е важно минималната плата да биде моторот на растот на просечната плата. Никогаш не се случило во историјата на земјата во краток временски период да ја зголемиме минималната плата. Одлична, важна вест за оние кои примаат минимална плата, 37% за само 12 месеци. Ќе го зголемиме ослободениот дел од приходите од данок од 1 јануари – информира тој.

На последната средба, синдикатите останаа на барањето минималната плата следната година да се зголеми на 402 динари на час, што е околу 70.000 динари месечно со просечниот број работни часови.

Од друга страна, работодавачите беа на мислење дека нема потреба од зголемување на минималната плата во јануари, бидејќи таа ќе биде зголемена за 9,4 проценти, на околу 500 евра, од октомври оваа година. Како што предвидува законот, доколку работодавачите и синдикатите не се согласат до 15 септември, конечната одлука ќе ја донесе државата. Ова беше практика до минатата година кога постигнаа консензус, но веќе оваа година работите се вратија на старо.

Како и во претходните години, државата ќе се сретне со работодавачите и ќе преземе добар дел, ако не и целиот фискален товар за зголемување на минималната плата. Ова значи дека неоданочливиот дел од платата ќе се зголеми на 34.221 динари или за 20,4 проценти, што е кумулативното зголемување на минималната плата во октомври и јануари следната година. Сепак, по оваа одлука, се чини дека ниту синдикатите ниту работодавачите не се задоволни, пренесува Данас.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top