Регион Свет

Орбан: Мицкоски ја штити европската јужна граница од миграцијата

„Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник. Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија“, изјави премиерот Орбан на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски. Меѓу другите гости на […]

„Нашиот македонски херој Христијан Мицкоски победи на изборите иако цел Брисел го поддржуваше неговиот противник.

Тој е чуварот на тврдина која ја штити европската јужна граница од миграцијата. Да живее Македонија“, изјави премиерот Орбан на отворањето на конзервативната CPAC конференција во Будимпешта, на која утре треба да се обрати и Мицкоски.

Меѓу другите гости на конференцијата се словачкиот премиер Роберт Фицо, грузискиот премиер Иракли Кобахидѕе, Андреј Бабиш од Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Херберт Кикл од Австрија, Алис Вајдел од Германија, Хорхе Буксаде од Шпанија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.

Пред самото обраќање на Орбан, беше емитувана ексклузивна видео порака од претседателот Доналд Трамп.

Грција: Затвор за нелегалните мигранти!

Најнови вести од: Регион Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top