Регион

„Падна“ првата оставка во новата техничка влада на Бугарија – се повлече вицепремиерот Цицелков

Новата техничка влада што вчера стапи на должност, веќе остана без еден вицепремиер – Стоил Цицелков, вицепремиерот за фер избори. Цицелков денеска поднесе оставка по информацијата дека бил уапсен поради возење под дејство и поради користење марихуана. Случајот почна од парламентот вчера, кога пратениците го нападнаа Цицелков со информациите за апсењето и уживањето марихуана.

Службениот премиер Андреј Ѓуров денеска не кажува дали ќе назначи нов човек на таа вицепремиерска функција. Ѓуров вели дека стои зад својата одлука да го назначи, бидејќи ја имал потребната експертиза за функцијата, но не добил можност да ја докаже

„Кога го поканив Стоил Цицелков да биде вицепремиер за фер избори, се потпрев на неговата експертиза и искуството што го има во одржувањето избори. Јас немам пристап до судскиот регистар, не можам да проверам нешта што може да ги направи министерот за внатрешни работи, но верував дека секој што доаѓа во оваа функција има чиста совест. Денес ја преземам одговорноста. Гледам како луѓето го напаѓаат Цицелков, не го напаѓаат поради недостаток на искуство, јасно е каде е нападот – кон кабинетот и за одржување фер избори.“, рече техничкиот премиер на Бугарија

 

 

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top