Регион

Паника во Грција по најавата дека Турција добива Еурофајтери

Според Greek Report западот не смее да и даде европски авиони на Турција

Информацијата дека Турција и Велика Британија потпишале меморандум за разбирање што ѝ овозможува на Анкара да користи борбени авиони „Еурофајтер“, предизвика паника во Грција каде информацијата на Ројтерс предизвикува остри реакции.

Со наслов „Произведено во Европа – да се користи против Европа“?, Greek Report тврди дека давањето авиони „Еурофајтер“ на Турција е директна закана за Грција, Кипар и Источниот Медитеран.

 

Според Greek Report западот не смее да и даде авиони за Турција -а Европа мора да се разбуди пред да биде предоцна затоа што Турција постојано покажувала дека ќе ја искористи секоја предност во оружје.

,,Вооружувањето на регионален агресор кој активно им се заканува на земјите-членки на ЕУ со напредни борбени авиони не е само неодговорен и срамен избор – тоа е предавство на европската безбедност и вредности.

 

Турција ќе ги користи овие авиони не за да ги брани западните вредности, туку за да проектира моќ, да го дестабилизира регионот и да ги малтретира своите соседи”, објавува медиумот.

Деновиве се одбележува 51 година од турската анексија на Северен Кипар.

Пред неколку години екс грчки премиер изјави дека евентуална војна меѓу Атина и Анкара би траела многу кратко а поразениот во војната ќе биде Грција.

Најнови вести од: Регион

Нов услов за странските работници во Хрватска – ќе мора да учат хрватски!

Наскоро ќе се воведе обврска за странските работници да учат и да полагаат испит на хрватски јазик како услов за продолжување на нивната дозвола за работа во Хрватска, а исто така им се овозможува полесно да ги менуваат работодавачите. Хрватската влада на денешната седница усвоила измени на Законот за странци и ги испратила во парламентот. Измените се прават, заради усогласување со законодавството на ЕУ, односно со Директивата за единствена постапка за обработка на барањата за издавање единствена дозвола за престој и Пактот за азил и миграција, кој воведува нови правила за управување со миграцијата и воспоставување заеднички систем за азил на ниво на Европската унија.

„Нетпрес“: Тројцата убиени во Бугарија биле од паравоена организација, која соработувала со бугарските власти

Тројцата убиени мажи, кои вчера биле пронајдени во поранешниот планинарски дом „Петрохан“ на Стара Планина во Бугарија биле припадници на паравоена ренџерска агенција, јавија бугарските медиуми. Трите жртви пронајдени убиени во „Петрохан“ се Дечо В. (45), Ивајло И. (49) и Пламен Ст. (51), објави бТВ. Тие биле членови на паравоена организација.

To top