Регион

По празничната пауза: Грчките фармери ги обновија блокадите

Блокадите се дел од продолжените протести на грчките фармери против владините мерки и економската политика.

По паузата поради празниците, грчките земјоделци од денеска, повторно ги активираа блокадите на граничниот премин Евзони (Гевгелија – Богородица).

Преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез на сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време.

Земјоделците организираа протестен марш низ градот Кукуш, изразувајќи незадоволство поради одбивањето на потпретседателот на грчкиот Парламент, Јоргос Георгадас, да се сретне со нив. Тие фрлија сено и памук пред неговата канцеларија како симболичен протест.

Блокадите се дел од продолжените протести на грчките фармери против владините мерки и економската политика.

Возачите што патуваат кон или од Грција се советуваат да користат алтернативни рути или да го одложат патувањето во наведениот временски период.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top