Регион

Поради закана за екплозивна направа евакуиран косовскиот парламент

Пратениците, персоналот и медиумите беа евакуирани кратко пред почетокот на конститутивната седница, која беше закажана да започне во 11:00 часот

Косовската полиција потврди дека денеска имало закана за експлозивна направа до Собранието на Косово, испратена преку СМС порака, јави Газета Експрес.

„Денес, на 05.07.2025 година наутро, примена е информација (преку СМС порака) за закана со експлозивна направа во државниот објект на Косовското собрание. По добивањето на информацијата, ангажирани се надлежните полициски единици, кои првично воспоставија безбедносен периметар и евакуираа луѓе од просториите“.

Косовската полиција соопшти дека ги известила надлежните обвинителства и полициските истражители, кои заедно со надлежните единици за деминирање и експерти, преземаат соодветни контролни мерки во објектот.

Членовите на Собранието, персоналот и медиумите беа евакуирани кратко пред почетокот на конститутивната седница, која беше закажана да започне во 11:00 часот.

Некои од пратениците кои разговараа со новинарите по евакуацијата рекоа дека добиле инструкции од косовската полиција да ја напуштат собраниската сала.

Некои од нив го критикуваа безбедносниот систем на Собранието, а други рекоа дека оваа закана може да биде лажна.

Собранието сè уште не објави кога ќе продолжи седницата, додека припадниците на косовската полиција вршат проверки.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top