Регион

Повторно грчка криза? Телеграф за ризиците од Бугарија во Еврозоната

Лондонскиот весник „Телеграф“ објави анализа во која влезот на Бугарија во Еврозоната на 1 јануари 2026 година се оценува како ризичен чекор, во време на политички превирања, распространета корупција и раст на државниот долг, што би можело да стане причина за нова финансиска криза во Европа.

Лондонскиот весник „Телеграф“ објави анализа во која влезот на Бугарија во Еврозоната на 1 јануари 2026 година се оценува како ризичен чекор, во време на политички превирања, распространета корупција и раст на државниот долг, што би можело да стане причина за нова финансиска криза во Европа.

Европската централна банка (ЕЦБ) се надеваше дека Еврозоната ќе ја пречека новата членка со стабилна влада, ентузијастичка јавна поддршка за еврото и просперитетна индустриска база.

– Наместо тоа, нејзината Влада штотуку падна, има јавни протести поради корупцијата, а обичните Бугари, кои не беа прашани за нивното мислење на референдум, изгледаат многу воздржани во врска со целиот проект – се наведува во текстот.

Бугарија, како една од најсиромашните земји во ЕУ со БДП по глава на жител од околу 17.600 долари, тешко може да се смета за пример на фискална одговорност или политичка стабилност. Земјата постојано не ги исполнуваше целите за инфлација (со пик од 16 отсто во 2022 година), е политички поделена со низа избори и осум премиери од 2020 година, а периодот на нестабилни влади доведе до зголемување на трошоците и на државниот долг.

Весникот предупредува дека долгот ќе продолжи да расте сè додека не стане неодржлив, што би можело да предизвика сценарио слично на грчката криза.

Сепак, овој пат Еврозоната е во полоша позиција отколку во 2010 година: долгот на Франција достигна 114 отсто од БДП, Германија е оптоварена со сопствени долгови, а ЕУ и ЕЦБ се соочуваат со огромни обврски и загуби. Индустриската база на блокот опаѓа, зависноста од увоз на енергија расте, а конкурентноста зад САД и Кина е загрозена.

– Сè што ќе биде потребно е една искра за да се запали уште една криза по грчкиот пример. Неа би можела да ја предизвика Бугарија, но сега е веќе предоцна да се направи нешто за да се спречи тоа – заклучува „Телеграф“.

Весникот додава дека успешните економии во ЕУ надвор од Еврозоната, како Полска и Чешка, не покажуваат интерес за еврото, иако се обврзани да се приклучат.

Овие предупредувања доаѓаат во контекст на реални предизвици: Бугарија влезе во Еврозоната како 21. членка во услови на политичка криза, пад на влада и протести против корупција и буџетски мерки.

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top