Регион

(Видео): Познато е што го предизвикало излетувањето на трамвајот во Белград

Ова не е прв ваков случај на истата раскрсница. Во април 2021 година трамвај исто така излетал од шините и удрил во зграда, а и тогаш како причина бил посочен проблем со скретницата. 

Трамвај што утрово сообраќал по улицата „Цар Душан“ во белградската населба Дорќол излетал од шините и удрил во зграда на аголот меѓу улиците „Душанова“ и „Книќанинова“. Во несреќата се повредени 15 лица, меѓу кои и возачката на трамвајот. Несреќата се случила околу 9:30 часот, а дел од повредените се здобиле и со скршеници. Кабината на трамвајот број 5 била целосно уништена од ударот, а од силината на судирот биле откорнати и седиштата во возилото.

Според сообраќајниот инженер и претседател на Синдикатот на Градското сообраќајно претпријатие „Центар“, Иван Банковиќ, причината за несреќата најверојатно е проблем со скретницата.

Тој изјави дека засега е сигурно оти трамвајот излетал поради скретницата и потоа удрил во зградата, но дека дополнително ќе се утврдува дали станува збор за инфраструктурен проблем или човечка грешка. Како можен фактор се споменува и преголема брзина при влегување во раскрсницата. Српските медиуми објавија дека скретницата на шините била поставена во погрешна положба.

По несреќата трамвајот бил отстранет, а сообраќајот постепено се нормализирал. На местото интервенирале екипи на Брза помош и полиција. Обвинителството наредило технички преглед на трамвајот, а во рамки на истрагата ќе бидат прегледани и снимките од видеонадзорот, како и изјавите на патниците и очевидците. Ова не е прв ваков случај на истата раскрсница. Во април 2021 година трамвај исто така излетал од шините и удрил во зграда, а и тогаш како причина бил посочен проблем со скретницата.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top