Регион

Претседателката Сиљановска Давкова со дијаспората пред средбите со Милановиќ и Пленковиќ

Прадвидени средби со хрватскиот колега Зоран Милановиќ и со премиерот на Андреја Пленковиќ

Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, пристигна во Хрватска во официјална посета. Денеска таа се среќава со претседателот Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ.

Вчера во Загреб таа се сретна со членови на Македонската заедница, која брои околу 4.000 членови во Хрватска.

,,Вечерва во Загреб ја посетив Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“, духовниот центар на овдешната македонска заедница.

Нејзиниот придонес е високо ценет и препознаен во хрватското општество.

Нашинците во Хрватска имаат значајна улога во градењето цврсти врски меѓу нашите две пријателски земји.

Им благодарам за топлиот пречек, но најмногу за посветениот ангажман во негувањето и чувањето на македонскиот идентитет”, вели Сиљановска-Давкова за средбата со нашинците во Хрватска.

,,Многу е убаво кога дијаспората има некаков контакт со татковината, а добро е кога големи, високи претставници како претседателот, кој всушност е неутрално тело во принцип, доаѓаат во посета и имаат време во целиот свој протокол да се сретнат со нас, обичните, најмалите”, рече за ХРТ Патар Томев Митриќески.

,,Македонците овде, без оглед на верската и етничката припадност, се чувствуваат како дома, и тоа не е случајно. Хрватско-македонските врски не се нови. Тие имаат долга историја. Нè поврзуваат Штросмаер, Рацин, браќата Миладиновци. Хрватските професори предаваа на Правниот факултет во Скопјe, исто како што предаваат македонски јазик во Хрватска. И ова е доказ дека можеме да живееме заедно, дека се разбираме и се почитуваме едни со други. Мислам дека хрватско-македонските односи се инспиративни за регионот”, изјави за Хрватската национална телевизија претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Видео сторијата на ХРТ

Денеска во Загреб, претседателката на Македонија ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Предвидено е претседателите да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.

Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на владата, Андреј Пленковиќ.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец на Споменикот на татковината, додека во Градскиот парк Бундек ќе положи венец на спомен-бистата на Блаже Конески.

Претседателката синоќа ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница.

Таа изрази задоволство од посетата, истакнувајќи дека се чувствува „како дома“ во духовниот храм, кој го оцени како важен центар за зачувување на идентитетот, културата и традицијата на Македонците во дијаспората.

Претседателката упати благодарност до хрватските власти и граѓани за поддршката и разбирањето, овозможувајќи македонската заедница да има свој духовен дом.

Сиљановска-Давкова нагласи дека хрватско-македонските односи се пример за успешна соработка, потсетувајќи на долгата историска поврзаност меѓу двете земји, од културни до академски врски.

На средбата со претставниците на македонската заедница беа разменети мислења за нивната положба во Хрватска, како и за можностите за унапредување на врските со Македонија. Разговорите поминаа во срдечна атмосфера, со акцент на зачувување на националниот идентитет, јазикот и културата.

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб претседателката ќе присуствува на отворањето на изложбата „Архивски документи“ на македонската уметница Жанета Вангели.

Во рамки на официјалната посета, во среда, 25 март 2026 година, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, на тема „За парадоксите на македонските евроинтеграции“.

Најнови вести од: Регион

Камионџиите од Босна и Херцеговина на протест, бараат решавање на проблемите

Министерството за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина мора да ги спроведе сите 17 договорени мерки во целосна координација со министерствата на ентитетите без одложување. Конзорциумот истакнува дека роковите за дејствување се итни. Тие забележуваат дека замената на домашните возачи со „увезени решенија“ или префрлањето на проблемот во други земји е директно напуштање на домашната економија.

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

To top