Регион

Радев: Бугарите ѝ рекоа „НЕ“ на оваа влада!

Бугаркииот претседател повика на оставка на владата и предвремени парламентарни избори поради протестите против буџетот

 

„Ова не е судир меѓу полицијата и демонстрантите, туку провокација од страна на мафијата, која има за цел да се соочи со нив. Насилството мора да престане. Ги повикувам сите да се придржуваат до законот“, напиша Радев во објава на својата Фејсбук страница.

Според него, провокациите за време на протестот не го менуваат фактот дека Бугарите ѝ рекоа „НЕ“ на оваа влада.

„Постои само еден излез: итна оставка и предвремени избори“, коментираше и претседателот.

„Нема да дозволиме да бидеме излажани“: Илјадници протестираат против „катастрофалниот“ Буџет 2026 година
Ажурирано

„Нема да дозволиме да бидеме излажани“: Илјадници протестираат против „катастрофалниот“ Буџет 2026 година

Десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Софија и другите поголеми градови во Бугарија за да протестираат против буџетот.

Демонстрации се одржуваат во Пловдив, Варна, Бургас, Стара Загора, Добрич, Габрово, Шумен, Велико Трново, Сливен и на други места.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top