Регион

Радев ги „брка“ авионите на САД од Софија, зошто Трамп не ги укинал визите за Бугарите!

И ние имаме приоритети и процедури и не можеме позитивно да одговориме на барањето за долг престој, објасни премиерот

Американските воени авиони привремено стационирани на аеродромот во Софија имаат рок да ја напуштат Бугарија до крајот на јуни, како одговор на неукинувањето на визите за САД на бугарските државјани.

„На последниот состанок на Министерскиот совет објавив дека за време на разговорот со претседателот на САД побарав укинување на визите за бугарските граѓани. Досега не добив позитивен одговор. Целосно ја разбирам сложеноста на регулаторните процедури и потребата од време. Но, и ние имаме свои приоритети и процедури и не можеме позитивно да одговориме на барањето за долг престој на авионите-цистерни на аеродромот во Софија. Затоа, денес ќе донесеме одлука за продолжување на нивниот престој до крајот на јуни, со цел да им дадеме можност на нашите сојузници да ги прилагодат своите активности и да најдат други локации“, изјави премиерот Радев.

Авионите на военото воздухопловство на САД првпат беа забележани на аеродромот „Васил Левски“ на 19 февруари 2026 година. Во тоа време, Министерството за одбрана официјално го потврди нивното присуство, вклучувајќи ги и авионите KC-135 стратотанкер, што укажува дека учествувале во активности поврзани со „засилената будност на НАТО“.

На 17 февруари амбасадата на САД во Софија испрати дипломатска нота до бугарските власти барајќи распоредување на максимум 15 авиони на истиот аеродром до 31 мај. Според Министерството за одбрана, авионите се логистички и немаат офанзивни функции. Дозвола за нивно распоредување даде Владата на тогашниот премиер Росен Желјасков.

 

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top