Регион

Со дипломатски автомобил шверцувале над 200 килограми кокаин

Обвинети еден Бугарин, еден државјанин на Конго со дипломатска акредитација во Белгија и 54-годишна Белгијка

Огромната количина кокаин запленета на граничниот премин Капeитан Андреево е пронајдена во куфери во автомобил на дипломат, јасви БГНЕС.

Три лица се обвинети – еден Бугарин, еден државјанин на Конго со дипломатска акредитација во Белгија и 54-годишна Белгијка.

Тие, на 18 јули, се обиделе да транспортираат речиси 206 кг кокаин од Бугарија во Турција, во вкупна вредност од 37.069.200 лева (околу 16 милиони евра).

Ова кривично дело носи казна од 15 до 20 години затвор и парична казна од 200.000 до 300.000 лева, јавува агенцијата.

Дрогата е пронајдена во пет куфери со тврди страни – четири во багажникот и еден на седиштето зад возачот. Автомобилот што го управувал Бугаринот бил избран за преглед и по отворањето на куферите, било утврдено дека има 179 пакувања прашкаста материја, за која по тестот е утврдено дека е кокаин.

Тројцата обвинети се приведени во траење од 72 часа, а Обвинителството на округот Хасково е на пат да поднесе барање за трајно апсење против нив.

Министерката за финансии Теменушка Петкова изјави дека ова е рекорд – најголема количина што Царинската агенција ја задржала на копнена граница.

Директорот на Царинската агенција, Георги Димов, прецизираше дека автомобилот влегол во Бугарија од Србија….

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top