Регион

Србија ќе ѝ продава муниција на Европската Унија

Нашите магацини се полни со муниција и произведуваме сè повеќе, особено минофрлачки гранати. Произведуваме повеќе муниција од Франција, вели Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ѝ понудил на ЕУ да купи муниција од неговата земја. На прашањето дали може да се испорача во Украина, тој нагласи:

„Купувачите можат да прават со неа што сакаат“, изјави тој во интервју што Вучиќ го даде за „Цицеро“.

„Никогаш не сме довеле никого во опасност во Европа. Напротив: нашите магацини се полни со муниција и произведуваме сè повеќе, особено минофрлачки гранати. Произведуваме повеќе муниција од Франција“, истакна Вучиќ.

Во интервју за германското издание „Цицерон“, Вучиќ исто така рече дека неговата земја е неправедно обвинета за авторитаризам и нагласи дека Белград сè уште има намера да се приклучи на Европската Унија, и покрај тоа што одржува блиски врски со Русија и одбива да ја признае независноста на Косово. Тој исто така се пожали дека „секој ден е прикажуван како некаков Хитлер“.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top