Регион

Србија на нозе: Студенти бараат вонредни избори

„Цела Србија на 28.12. распишува победа“, напишаа студентите во својoт повик

Српските студенти најавија голем протест за в недела во повеќе градови низ Србија. Тие објавија мапа и листа на места каде ќе бидат поставени штандови за собирање потписи за распишување вонредни парламентарни избори.

Протестите ќе се организираат под слоганот „Распиши победа“.

„Дојдете заедно да прогласиме победа! Потпишете ја одлуката! Бидете контролор. Учествувајте во подигање на свеста во вашата околина. Ќе продолжиме заедно од недела!“, напишаа студенти во објава на веб-страница.

Акциите ќе бидат, како што е наведено, во повеќе од 100 општини со повеќе од 400 штандови.

„Цела Србија на 28.12. распишува победа“, напишаа студентите во својата објава.

Тие ги советуваат граѓаните да ја посетат веб-страницата и да го пронајдат градот и локацијата што им одговара најмногу, каде што ќе можат да остават потпис и лични податоци.

Студентите во блокада најавија дека на 28 декември ќе организираат нешто сосема поинакво во однос на досегашните активности., јавува N1.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top