Регион

Србија наскоро ќе располага со 40 борбени авиони, објави Вучиќ

Српскиот претседател потсети на времето кога беше министер за одбрана и кога земјата имаше само еден ловец, и тоа за аерошоу

Српските вооружени сили наскоро ќе имаат 40 борбени авиони, објави претседателот Александар Вучиќ за време на денешната посета на Куршумлија.

Според него, состојбата на српската воена авијација денес е неспоредлива со периодот од пред 12-13 години.

За време на обиколката на фабриката „Јумко“ во Куршумија, Вучиќ се потсети на времето кога беше министер за одбрана и кога српските вооружени сили имаа само еден оперативен борбен авион за аерошоу.

Шефот на српската држава нагласи дека можностите на српските вооружени сили наскоро ќе бидат значително поголеми – не само борбена авијација.

„Наскоро ќе имаме 40 борбени авиони, а да не зборуваме за ракетни системи, повеќецевни лансирни рампи и сè друго што наскоро ќе можете да го видите“, додаде Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top