Регион

Српски тинејџер исчезна на Триглав

Потрагата продолжува

Спасувачките екипи во Словенија интензивно трагаат по 19-годишен државјанин на Србија, кој исчезнал во саботата додека се искачувал на Триглав, највисокиот врв на Јулиските Алпи.

Младиот планинар тргнал по исклучително тешката патека преку Племенице, позната и како Бамбергова патека, по што му се губи секоја трага.

Словенечката полиција го примила известувањето за исчезнувањето во неделата, 1 ноември, нешто пред 20 часот. Во потрагата веднаш се вклучиле спасувачките служби од Бовец и Мојстрана.

На височина од 2.130 метри спасувачите пронашле предмети што му припаѓаат на исчезнатиот млад човек. Денеска претпладне забележале и траги од движење во снегот, кои се спуштале до околу 1.900 метри надморска височина.

Таму трагите престанале, бидејќи биле избришани од силниот ветер. Во истото подрачје биле пронајдени и уште неколку негови лични предмети.

Лошите временски услови дополнително ја отежнуваат потрагата. Поради силниот ветер и облачноста, хеликоптерите не можат да полетаат, соопштиле од Полициската управа Нова Горица.

Патеката преку Племенице важи за една од најтешките обележани планинарски патеки на Триглав. Таа минува низ стрмни и изложени делови од планината, каде што снегот, мразот и силниот ветер ја зголемуваат опасноста.

Потрагата продолжува под раководство на Полициската станица Бовец. Засега нема информации што му се случило на 19-годишникот ниту каде се наоѓа.

Најнови вести од: Регион

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

To top