Регион

Стерјовски: Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа

Со усвоената Резолуција, ЕФА, јасно, бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија

На Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), европското политичко семејство кое ги претставува народите, регионите и малцинствата во Европскиот парламент, беше едногласно усвоена резолуцијата поднесена од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – „Заштита на македонското малцинство во Албанија и заштита на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ“.
Во објава на социјалните мрежи, Васил Стерјиовски, претседател на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ вели дека во обраќање пред делегатите на Генералното собрание ги претставаил предизвиците со кои се соочува македонската заедница во Албанија, како и нашата борба за еднаквост, достоинство и почитување на основните човекови права.
„Со усвоената резолуција, ЕФА јасно бара од албанските власти целосно да ги гарантираат и спроведат правата на Македонците во Албанија, да обезбедат образование на македонски јазик, праведно политичко претставување и рамномерен развој на регионите населени со Македонци.
Воедно, резолуцијата ја осудува политиката на негирање и асимилација на Македонците во Албанија преку надворешни политички притисоци од страна на Бугарија и ја повикува Европската комисија да покрене истрага за состојбата со македонското малцинство во Албанија“ пишува Стерјовски.
Тој додава дека ваквата поддршка од европското семејство на малцинствата и народите претставува силна порака дека Европа се гради врз почитување на различностите, правото на самоидентификација и заштитата на човековите права.
„Благодарност до сите партии-членки на ЕФА за нивната едногласна поддршка и солидарност со македонската заедница во Албанија.
Нашата борба продолжува, смело, достоинствено и гордо. Ќе продолжиме да се залагаме за правата на Македонците во Албанија, уверени дека вистината, правдата и европските вредности ќе победат.
Гласот на Македонците од Албанија се слуша во Европа“ порачува Стерјовски.

Најнови вести од: Регион

Популарната емисија повеќе нема да се емитува на Телевизија – новите газди не го продолжија договорот

Новата сезона на култната српска сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, соопшти авторот и новинар Зоран Кесиќ. Досега емисијата се еитуваше на телевизијата „Нова С“, но менаџментот соопшти дека таа е симната поради тоа што е прескапа и поради неуспешниот договор меѓу екипата на емисијата и претставниците на „Адриа њуз нетворк“ (АНН) – компанијата што ја поседува „Нова С“ и која неодамна доби ново раководство откако беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“.

Постепената интеграција е единствениот пат до членство – Еди Рама бара нов пристап на ЕУ кон Западен Балкан

Франција и Германија поддржаа идеја за „структурирана постепена интеграција“ на земјите-кандидатки, со можност постепено да добиваат пристап до одделни европски формати и политики.

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Се готви политички земјотрес во ЕУ, во тек е и тивка битка меѓу Урсула Лаен и Каја Калас

„Берлин и Париз бараат да се расчисти кој ќе ја води европската дипломатија. Во позадината на институционалната расправа се води и борба за политичка моќ. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен во последните години презеде исклучително активна улога во надворешната политика. На Каја Калас тоа не ѝ се допаѓа.“ – објави „Плус инфо“.

To top