Регион

Стојанов: Без правото на вето, ЕУ се претвора во Советски Сојуз

Сппоред бугарскиот европратеник, Македонија сака да се отстрани правото на вето во ЕУ, за да не мора да ги исполни своите обврски за уставните промени

 

„Проширувањето на Европската Унија е правен и политички процес. Нејзината трансформација во геополитички инструмент го поткопува самиот Договор за Европската Унија, а отстранувањето на правото на вето би ја претворило во втор Советски Сојуз.

Европската Унија мора да се прошири според јасни критериуми, а не според погодност“, изјави од говорницата во Европскиот парламент бугарскиот европратеник Станислав Стојанов.

Стојанов ја спомена и Македонија во својот говор. Според него, овој пристап води до, како што вели, апсурдни резултати.

„С.Македонија, која сè уште не е членка на ЕУ, отворено го поддржува гласањето со квалификувано мнозинство во Советот.

Ова е обид да се заобиколат обврските што ги презеде Скопјани во 2022 година кон целата ЕУ. Реформата е неопходна, но треба да биде предмет на сериозна анализа, а не по цена на суверенитетот на земјите-членки.

Ќе повторам уште еднаш, без правото на вето, Европската Унија се претвора во Советски Сојуз“, нагласи Стојанов, кој доаѓа од редовите на крајнодесничарската партија во Бугарија, „Преродба“.

Бугарскиот европратеник смета дека правото на вето во Советот на ЕУ е јасна пречка за, како што вели, владејачката бирократска елита.

„Постојат повици за негово укинување. Ова би го претворило партнерството меѓу земјите-членки во принуда. Нема да се постигне единство, туку доминација над оние што размислуваат слично“, додаде Стојанов.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top