Регион

Три лица се убиени денес во Гнилане, во Косово – уапсен еден осомничен, по уште тројца се трага

Косовската полиција е веќе во потрага по лицето, осомничено дека е извршител на ова тројно убиство, заедно со двајцата негови синови

Три лица се убиени, а едно е повредено во пукотница во Гњилане во денес, на 10 август 2025 година, попладнето, потврдија властите, пренесува „Коха“. Осомничениот за убиствата е Мефаил Шкодра. Полицијата издаде налог за негово апсење за убиствата и побара помош од граѓаните, за да го пронајдат. Медиумите наскоро објавија фотографија од Шкодра во друштво на косовскиот претседател Вјоса Османи, нејзиниот сопруг Приндон Садриу и привремениот премиер Албин Курти. Оваа информација ја објави информативниот портал на српски јазик „Косово онлајн“.

Во меѓувреме, полицијата издаде налози за апсење на двајца од синовите на Мефаил Шкодра, Едонис Шкодра (25) и Енѓул Шкодра (22).

Директорот на полицијата во Гнилане Агрон Рукиќи објави дека едно лице е уапсено на местото на тројното убиство денес во градот, додека се бараат уште три лица. Тој нагласи дека е побарана меѓународна соработка за апсење на тројцата осомничени за тројното убиство во Гњилане, за кои изјави дека има доволно докази дека го сториле. „Полицијата обезбеди доволно докази, со сомнение дека три лица го сториле ова тешко кривично дело.“ – посочи Рукиќи.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

To top