Регион

Турција ќе гради фабрика за муниција во Косово

Турскиот државен воен гигант КМЕ потпиша договор за изградба на првата фабрика за муниција во Косово, со производствен капацитет од 20 милиони парчиња годишно. Фабриката треба да биде завршена следната година

 

 

КМЕ ќе ги изгради сите потребни објекти и ќе обезбеди сеопфатна обука за производство, одржување и поправка.
Според договорот, компанијата ќе обезбеди машини за производство на муниција, линии за склопување, лаборатории, како и опрема за тестирање, пренесуваат медиуми.

Иницијативата за изградба на фабриката следува по изјавата на косовскиот премиер Албин Курти на крајот на ноември минатата година за плановите за фабрика за муниција и лабораторија за дизајн на беспилотни летала, со цел зајакнување на одбранбената индустрија на Косово.

Воените врски меѓу Турција и Косово се зајакнаа во последните години. Во јули 2023 година, Приштина ги купи беспилотните летала „Базактар“ од турскиот производител „Бајкар“, а на почетокот на октомври оваа година доби илјадници беспилотни летала-самоубијци од истата компанија.

Курти го окарактеризира ова како контрамерка на територијалните претензии на Србија.

Тој ја нарече изградбата на фабриката бедем против „заканите од соседна Србија“, што само го поттикнува наративот за албанска агресија што доаѓа од официјален Белград.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Најнови вести

To top