Регион

Видео на денот: Протест „Не на еврото, само лев“ во Бугарија

Своето негодување за воведувањето на европската валута од 1 јануари демонстрантите го изразија преку – чочек

Профилот „Една Б’лгарка“ од социјалната мрежа Икс сподели видео од невообичаен протест во Бугарија против најавеното воведување на еврото од 1 јануари.

„Бугарски демонстранти протестираат против усвојувањето на еврото танцувајќи традиционален чочек“, е коментарот на снимката во која се повикува „Не на еврото, само лев“ и се бара референдум за европската валута кај источниот сосед на Македонија.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top