Регион

Во Бугарија ќе ги испитуваат активностите на „Сорос“

Ќе се формира привремена комисија има за цел да утврди факти и околности во врска со активностите на Џорџ Сорос и Александар Сорос и нивните фондации на територијата на Република Бугарија

Бугарските пратеници усвоија нацрт-резолуција за формирање привремена парламентарна комисија со цел да утврди факти и околности во врска со активностите на Џорџ Сорос и Александар Сорос и нивните фондации на територијата на Република Бугарија, финансирање на бугарски физички и правни лица и невладини организации, како и утврдување на нивните врски со политички партии, судии, образовни институции, медиуми, деловни структури и државни органи.

Комисијата ќе биде формирана на предлог на пратеничката група на ДПС-Нов почеток, објави „Њуз.бг

Привремената комисија има за цел да утврди факти и околности во врска со активностите на Џорџ Сорос и Александар Сорос и нивните фондации на територијата на Република Бугарија, финансирање на бугарски физички и правни лица и невладини организации, како и утврдување на нивните врски со политички партии, судии, образовни институции, медиуми, деловни структури и државни органи.

Пратениците гласаа со 111 гласови „за“, 51 глас „против“ и 43 гласови „воздржани“.

За време на дебатите, пратеникот од ДПС-Нов почеток Станислав Анастасов, кој е и предлагач на нацрт-резолуцијата, тврдеше дека сакал да разоткрие одредена парламентарна група во Народното собрание, финансирана од Сорос. Според него, Сорос има економски интереси во Бугарија, без оглед на економската состојба.

Пратеничката група на „Вазраждане“, исто така, изјави дека ќе поддржи создавање привремена комисија за активностите на Сорос во Бугарија.

Александар Рашев од „Има таков народ“ изјави дека ова е еден од ретките предлози за привремена комисија на која не ѝ е потребен аргумент за да се одбрани дека е неопходно да има таква. ИТН ќе поддржи создавање привремена „Соросова“ комисија врз основа на тоа дека треба да се анализираат врските на Сорос со политичките партии, со медиумите, со бизнис структурите кои влијаат врз јавното мислење за користољубиви цели цели.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top