Регион

Вучиќ со поддршка за Орбан: И да изгуби ние засекогаш ќе му бидеме благодарни

Не знам дали Виктор ќе изгуби или ќе победи. Знам само дека сум му бескрајно благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците

Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави денеска дека го поддржува премиерот на Унгарија Виктор Орбан на утрешните избори во земјата, за кои смета дека се важни не само за иднината на Будимпешта, туку и за Европската Унија, пренесува „Бета“.

Вучиќ на „Инстаграм“ напиша дека не знае дали Орбан ќе изгуби или ќе победи, ама дека му е благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците.

„Не знам дали Виктор ќе изгуби или ќе победи. Знам само дека сум му бескрајно благодарен за пријателството меѓу Србите и Унгарците. Без него, тоа пријателство не би постоело“, се наведува во објавата, која вклучува и фотографија од Вучиќ и Орбан.

Вучиќ додаде дека му е благодарен на Орбан за сè „каков и да е резултатот“.

„П.С. Ние Србите сме различни, бидејќи дури и да изгубите, ќе ви бидеме засекогаш благодарни“, завршува објавата.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top