Регион

Вучиќ до ЕУ: Примете го цел Западен Балкан одеднаш

„Србите, Бошњаците, Албанците ќе се чувствуваат подобро, Хрватите ќе бидат добро, се надевам“, аргументира српскиот претседател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека најдобра идеја би била сите кандидати од Западен Балкан да бидат примени во Европската унија заедно како полноправни членки, додавајќи дека тоа ќе го предложи на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Ако примите еден, или двајца, или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе се справиме со тоа? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, праша Вучиќ на панелот насловен „Европска конкурентност во фрагментирана геополитичка средина“, кој се одржува во рамките на форумот „Белталакс“ во организација на „Глобсек“.

Шефот на српската држава додаде дека станува збор за иднината на регионот, но и за иднината на Европа.

„Ако некој сака да ја разбере геополитиката, ова е единственото нешто што ЕУ може да го направи: да нè пречека сите заедно, без граници меѓу нас. Србите ќе се чувствуваат подобро, Бошњаците ќе се чувствуваат подобро, Албанците ќе се чувствуваат подобро, Хрватите ќе бидат добро, се надевам. И гледам само добри работи како заеднички именител на оваа идеја. Тоа беше мојата идеја и тоа отворено ќе им го кажам утре и на Антонио Кошта и на Урсула фон дер Лајен“, рече Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top