Регион

Вучиќ: Тоа се наши деца

„Морам да се грижам и за нив“, рече тој, додавајќи дека тие паднале под влијание на „пропагандна телевизија на криминалец“.

Претседателот на Србија синоќа изјави дека можеби сепак ќе помилува еден од уапсените студенти, иако пред неколку дена изјави дека нема да го стори тоа.

„Пред неколку дена размислував. Реков дека нема да има помилувања и се чувствував погрешно. Ова се наши деца, можам да им помогнам. Можам да одам подалеку од мојот збор за да ги спасам животите на другите, бидејќи така како што размислуваат, нема да можат да најдат работа никаде. Ќе им остане дамка до крајот на животот“, рече Вучиќ, пренесува Nova.rs.

„Морам да се грижам и за нив“, рече тој, додавајќи дека тие паднале под влијание на „пропагандна телевизија на криминалец“.

Во неделата, ден по масовниот студентски протест во центарот на Белград Вучиќ се закани:

„Седум месеци терор се случуваат од страна на дел од луѓето кои го зедоа законот во свои раце. Обвинителството мора да си ја заврши работата, доаѓа времето за одговорност. Нема да потпишам помилување, никаква аболиција“ беше дециден Вучиќ

Најнови вести од: Регион

Македонска Фејсбук-страница го тресе врвот на словенечката влада: „Маски паднаа“ со аудио-разговори

Фејсбук-страница администрирана од Македонија се најде во центарот на голем политички скандал што ги тресе словенечките политички кругови во последните денови

„Не сме ничија марионета“ – Вучиќ за влошените односи со Москва и извозот на муниција во Украина

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“ отворено изрази скептицизам за брзо полноправно членство на Србија во Европската Унија и се залага за модел на „Европа со повеќе брзини“.

Најнови вести

To top