Регион

„За дом спремни“ од татко до ќерка: Се загрева ли ,,Балканскиот котел”?

Ризикот од грешка или ескалација е повисок во мултиполарен свет каде НАТО и ЕУ имаат ограничена моќ, а Русија сè уште влијае врз одредени актери.

Дива, најстарата ќерка на познатиот хрватски пејач Марко Перковиќ Томпсон – националистички ориентиран уметник кој се прослави со песни од периодот на Домовинската војна – моментално поминува воен рок во Пожега.

Според податоците од Министерството за одбрана на Хрватска, од вкупно 800 регрути кои на 9 март 2026 година започнаа двомесечно темелно воено оспособување, 82 се жени – меѓу нив и Дива Перковиќ, која се пријавила доброволно.

Регрутите се распоредени во неколку бараки, а Дива е сместена во Појега, каде што овој петок (20 март) ќе се одржи свечена заклетва на новиот нараштај. Медиумите јавуваат дека се очекува присуство на нејзиниот татко, Марко Перковиќ Томпсон, кој ќе дојде да ја поддржи ќерка си, заедно со многу други родители.

Извори блиски до семејството велат дека Дива се вклопила меѓу другите регрути без никакви посебни привилегии и дека се прилагодила на средината како и сите останати.

Ова е првпат по обновувањето на обврзниот воен рок во Хрватска што ќерка на толку познат јавен лик доброволно се пријавила за служба, што предизвика зголемен интерес во јавноста и медиумите.

Во исто време, безбедносната ситуација на Балканот останува загрижувачка поради зголемените тензии и прегрупирањата во регионот.

Хрватска, Албанија и Косово интензивно ја продлабочуваат воената соработка преку трилатерални договори од 2025 година, заеднички вежби (оваа година планирани три: две во Загреб и една во Тирана) и проекти како заедничко производство на оклопни возила.

Овие чекори се гледаат како одбранбена мерка против перцепираните закани, но предизвикуваат остри реакции во Србија, каде претседателот Вучиќ неодамна изјави дека Белград внимателно ги следи овие сојузи и се подготвува за можни сценарија, вклучително и набавка на напредни системи од Кина.

Од друга страна, Србија ја продлабочува соработката со Унгарија преку годишни планови за одбранбена соработка, што вклучува заеднички активности и набавки, што дополнително ја зголемува поделбата во регионот.

Аналитичарите предупредуваат дека ова создава безбедносен дилема: одбранбените модернизации на една страна ги зголемуваат перцепираните ризици кај соседите, што води до нови инвестиции во оружје и зголемена воена присутност (на пр. зголемена концентрација на српски сили кон границата со Косово во периоди на тензии).

Овие процеси се одвиваат во сенка на пошироки глобални кризи, како конфликтот во Блискиот Исток (војната на САД и Израел против Иран), што ги зголемува поделбите во Западен Балкан – некои земји (Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија) се усогласени со западните позиции, додека Србија одржува неутралност и одржува врски со Русија и Кина.

Ризикот од грешка или ескалација е повисок во мултиполарен свет каде НАТО и ЕУ имаат ограничена моќ, а Русија сè уште влијае врз одредени актери.

Белград во страв дека Бугарија ќе ги нападне Македонија и Јужна Србија – Вучиќ се вооружува „до заби“

САД: Балканот под закана од руско влијание

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top