Регион

Заедно со букет цвеќе, ги доби и трите најважни функции во Србија

Ана стана првата личност во Србија што ги извршувала сите три најважни политички функции во земјата: премиер, претседател на Собранието и вршител на должноста претседател

Ана Брнабиќ, вршител на должноста претседател на Србија, денес доби букет цвеќе од , сега веќе, поранешниот претседател на Србија кој, вчера вечерта поднесе оставка на функцијата пред истекот на неговиот втор мандат.

Александар Вучиќ веќе не е претседател на Србија

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Вучиќ за сите негови заложби во име на Србија; верувам дека никогаш претходно сме немале претседател како него, ниту пак Србија некогаш ќе има претседател кој толку силно се борел за земјата и кој сè друго ставил настрана заради Србија“, изјави Ана Брнабиќ.

„Чест е што ја презедов оваа должност од таков човек, а сега на мене е да ја чувам оваа позиција сè додека народот не го избере следниот претседател на Србија“, рече Ана Брнабиќ.

Александар Вучиќ, кој ја извршуваше функцијата претседател на Србија до 27 септември, поднесе оставка; според Уставот и законот, највисоката државна функција ја презема претседателот на Собранието – во овој случај, Ана Брнабиќ.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top