Спорт

Ашковски евакуиран од Иран, се возел со ирански војници?!

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија во јануари годинава му се приклучи на иранскиот прволигаш Мес Рафсанџан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски е успешно евакуиран од Иран преку Турција, а притоа, како што објави „Македонски спорт“ на Фејсбук, се возел со ирански војници!

СТЕФАН АШКОВСКИ ПРЕЖИВЕА ДРАМА – СЕ НАЈДЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВОЈНАТА – БЕШЕ ВО КОЛА СО ИРАНСКИ ВОЈНИЦИ

ВИСТИНСКА ТОРТУРА ПРЕЖИВЕА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ КОЈ СЕГА Е СЛОБОДЕН И НА БЕЗБЕДНО
НАШИТЕ МИСЛИ СЕ СО СТЕФАН И ОЧЕКУВАМЕ УТРЕ ДА СТАПНЕ НА МАКЕДОНСКО ТЛО“, се вели во објавата придружена со видео (на линкот).
Ашковски (34) во јануари годинава му се приклучи на иранскиот прволигаш Мес Рафсанџан.
За македонската репрезентација има 40 настапи.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top