Поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар, истури еден куп комплименти за Кирил Лазаров и за играта на неговите избраници во одбраната.
„Лазаров добро ја прочитал мојата книга. И тој со еден врвен играч, Кузмановски, кој порасна кај мене во клубот Металург, и со нова, поинаква одбрана, ја држеше на работ на елиминација Португалија, која вчера ја победи Данска“, вели Лино во интервју за порталот „Нет.хр“, додавајќи дека Македонија имала шанса да ја победи Португалија.
„Да не му паднеше на оној (Серафимов – н.з.) топката од рака двапати, ќе паднеше Португалија, која ја победи Данска“, додава популарниот „маг од Умаг“.
Токму оваа тактичка промена, оддалечување од застарената зона 6-0, е во центарот на анализата на Червар. Тој тврди дека иднината на ракометот лежи во креативното и проактивно размислување, што Македонија го демонстрирала на Европското првенство.
„Тие проактивно играа одбрана каква што никој никогаш не играл, што го предлагам во книгата. Со тоа, тие целосно ги запреа браќата Кошта и не им дозволија да играат. Токму затоа што Македонија играше проактивно. Имаме два начина на проактивна одбрана, одбраната 5-1 од најсовремен тип што ја предлагам во книгата и она што го игравме 5-1 таму некаде 2003-2004 година и онаа против Французите минатата година на Светското првенство, кога ги победивме. Ова се два вида зони 5-1. Претходната класична, и повторно нашата единствена Хрватска“, вели Червар во интервјуто.