Денес, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извести јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север изрече доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане. Казната следи поради физички напад и обид за линч врз противнички играч по завршувањето на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во 8. коло од Третата лига Север.
Домашниот терен на ФК Беса Слупчане е суспендиран за 10 натпревари, а клубот е должен да плати и парична казна согласно дисциплинскиот правилник.
Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот.
Ставот на ФФМ е јасен и недвосмислен:
„Во фудбалот нема место, ниту милост за оние што се подготвени да тепаат, линчуваат и го нарушуваат угледот на фудбалот.“
View this post on Instagram