Со гол од пенал во 11. минута од судиското надополнување на времето, Вардар го совлада Силекс со 2:1 во дербито на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига и остана на врвот на табелата.
Роџерс Мато беше прецизен изведувач на најстрогата казна досудена по сугестија од ВАР, по која судијата Фатмир Бафто покажа на белата точка за играње со рака во шеснаесетникот на кратовци.
На победничкиот гол на „црвено-црните“ му претходеше исклучувањето на гостинскиот голман Љупче Џеков во 85. минута за повлекување за дресот на противнички играч надвор од казнениот простор.
Вардар поведе преку капитенот Азер Омерагиќ во 8. минута, а шест минути подоцна израмни Алдин Хрвановиќ.
Составот на Гоце Седлоски води со 27 бода, еден повеќе од Струга, трета е Шкендија со 24, а веднаш зад неа Силекс со 21.