Спорт

Фото на денот: Македонските кошаркарки славеа на стартот од квалификациите за ЕП

Македонија ја совлада Данска со 79:78 во Скопје за прва победа на официјален натпревар по февруари 2023 година

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија оствари драматична победа од 79:78 над Данска во Скопје на стартот од квалификациите за Европското првенство 2027, прекинувајќи го постот на официјалните натпревари долг 33 месеци!

Откако гостинките ја добија првата четвртина со 21:18, а во почетокот од втората стигнаа и до максимални 27:18, „црвено-жолтите“ конечно се оттргнаа од летаргијата, го добија периодот од десет минути со 21:19, како и следните два со 19:18 и 21:20, по што еуфорично прославија во СРЦ „Кале“.

Натурализираната Македонка од американско потекло Мерит Хемпе беше најдобра поединка на средбата со 25 поени, со реализација 10/13 за два поена, плус 6 скока, 2 украдени топки и една блокада за 34 минути во игра.

Ја следеа Анџелика Митрашиновиќ со дабл-дабл од 14 поени и 11 асистенции, како и 6 скока, а двоцифрен ефект остварија уште Илина Селцова со 17 поени плус 5 скока и Александра Стојановска со 15, на кои додаде 6 скока.

Македонија е домаќин и во второто коло од групата Ф в сабота од 18 часот, овојпат на Грција, која загуби дома од Хрватска со 76:73.

Најнови вести од: Спорт

Од -7 до победа: Игнас Саргиунас и најлудиот пресврт во историјата(ВИДЕО)

Во квалификацискиот меч за Евробаскет 2027 меѓу Велика Британија и Литванија, одигран во Велика Британија, се случи еден од најдрамтичните пресврти во историјата на европската кошарка. На десет секунди пред крајот, Литванците губеа со 87:80 – наизглед безизлезна ситуација.

To top