Од Тетово доаѓа фотографијата на денот направена од локалното Плус форте радио, кое пред своето седиште истакна плакат со пораката „Ти благодариме Лина! Тетово те сака!“ во чест на најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа, прв(а) од Македонија што заигра на неофицијалното светско првенство во белиот спорт во Вимблдон.
„Мал гест од Плус форте радио за ГОЛЕМА ШАМПИОНКА!
ЛИНА ЃОРЧЕСКА, ти си наша ГОРДОСТ!
Навивамо за тебе свекоаш!
П.С. Не е совршено, ама после многу труд, трчање нагоре надоле и мнооооогу ПОТ, Маја и Боце некако го поставија, нека си трепка
Огромна благодарност до Љубиша и Инфо Графика, без него немаше да га реализирамо идејата, фала од срце! Ljubiša Simoski“, објави радиото на својот профил на Фејсбук.