Спорт

Ѓорческа ја преслуша четвртата носителка на стартот во Роверето

На најдобрата македонска тенисерка ѝ беа потребни само 67 минути за да слави во два сета над 151. женски рекет во светот

Лина Ѓорческа имаше успешен старт на тенискиот челинџер од серијата ВТА 125 во италијанскиот град Роверето, кој се игра на тврда подлога и за награден фонд од 115 американски долари.

Најдобрата македонска тенисерка, неделава 213. на ВТА-листата во поединечна конкуренција, во првото коло славеше со 6-4, 6-3 над четвртата носителка Нурија Бранкачо од Италија, 151. женски рекет во светот, за што на 31-годишната тетовка ѝ беа доволни само 67 минути.

Противничка на Ѓорческа во осминафиналето в среда од 10 часот ќе ѝ биде Алиона Болсова Задоинов (241.) од Шпанија.

Најнови вести од: Спорт

Од -7 до победа: Игнас Саргиунас и најлудиот пресврт во историјата(ВИДЕО)

Во квалификацискиот меч за Евробаскет 2027 меѓу Велика Британија и Литванија, одигран во Велика Британија, се случи еден од најдрамтичните пресврти во историјата на европската кошарка. На десет секунди пред крајот, Литванците губеа со 87:80 – наизглед безизлезна ситуација.

To top