
Скопје ќе биде домаќин на голем спортски спектакл во мешани боречки вештини ММА во спортскиот центар „Јане Сандански“. Генерален покровител на настанот е Министерството за спорт, додека технички организатор е ARMMADA, една од водечките ММА организации во Европа.
На настанот кој ќе се одржи на 14 септември, како што информираат организаторите, ќе настапат неколку македонски борци кои ќе покажат дека Македонија има силна ММА сцена и потенцијал во овој екстремен спорт.
Во професионалните борби ќе се натпреваруваат Андреј Стојановски -61 кг. против Василије Тичан од Молдавија, Коста Георгиевски -93 кг. ќе дебитира против искусниот Раде Новаковиќ од Србија и Никола Димоски -73 кг. против Лукиан Вилцу од Романија, додека во семипрофесионалните борби ќе настапат Даниела Алексовска 52 кг. против Флоцеа Лаида од Молдавија и Марко Трајановски -84 кг. против искусниот Петар Кликовац од Црна Гора, сите познати шампиони и спортисти со силна поддршка од домашните клубови.
На настанот ќе учествуваат и познати борци од Србија, како Никола Градинаци и Огнен Мицивиќ.
Картите за настанот се достапни по симболична цена на ticketx.com.mk, а преносот во живо ќе биде овозможен преку Arena Fight TV. Организаторите ги повикуваат сите да ги поддржат домашните борци и да уживаат во еден возбудлив и напнат ММА спектакл во Скопје.