Спорт

Инфаркт-победа за македонските одбојкари над Летонија пред „судирот“ со Грција во Европската златна лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја прокнижи првата победа во годинашното издание на Европската златна лига, добивајќи го трилерот во Даугавпилс со домаќинот на вториот турнир Летонија со 3:2, по сетови 18-25, 25-19, 20-25, 25-23 и 25-23. Избраниците на селекторот Јошко Миленковски ја искористија дури седмата меч-топка за првите два бода за деветтото место во […]

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија ја прокнижи првата победа во годинашното издание на Европската златна лига, добивајќи го трилерот во Даугавпилс со домаќинот на вториот турнир Летонија со 3:2, по сетови 18-25, 25-19, 20-25, 25-23 и 25-23.

Избраниците на селекторот Јошко Миленковски ја искористија дури седмата меч-топка за првите два бода за деветтото место во моментов во конкуренција на 12 селекции, од кои последната ќе се испадне во Европската сребрена лига.

Македонскиот капитен Никола Ѓорѓиев беше најкорисен играч на натпреварот што од трибините го следеа 712 љубители на одбојката, запишувајќи 29 поени, Филип Савовски додаде 17, еден повеќе од Александар Љафтов.

Попладнево од 17 часот „црвено-жолтите“ ги очекува дуелот со третопласираната Грција.

Најнови вести од: Спорт

Невозможното стана возможно: „Македонските џинови“ ги освоија Алпите

Македонските ултрамаратонци Катерина Шиповиќ, Радмила Јованова и Жикица Ивановски остварија неверојатен подвиг, истрчувајќи 330 километри низ величествените Алпи на легендарната трка „Трка на џиновите“ (Tor des Géants).

To top