
Игор Јакимовски, тренер на најдобриот македонски маратонец и олимпиец Дарио Ивановски, низ подолга реакција на својот профил на Фејсбук се пресмета со „ФБ-патриотите“ што некритички пренесуваа забелешки од странство за организацијата на неодамнешниот Европски младински олимписки фестивал во Скопје.
„ЕМОФ Скопје 2025.
Почитувана спортска јавност…
Како и што најавив, денес со оваа моја објава официјално ќе се произнесам во врска одржаниот ЕМОФ 2025 во Скопје, Р.Македонија.
Моите ставови, мислења и заклучоци кои ќе бидат произнесени во оваа објава се лично мои и цврсто стојам зад секој искажан збор.
Сум бил ширум светот на еден куп големи меѓународни натпреварувања во својство на спортист и официјално лице (шеф на делегација, тренер, официјал).
Летни олимписки игри, светски, европски, балкански и регионални првенства.
Доволно е само да се вратиме наназад една година на ЛОИ Париз 2024 година и да се присетиме како помина организацијата на најголемиот глобален настан и со какви критики беше соочен од светската спортска јавност, но и од самите спортисти.
Но, сето тоа во ниту еден момент не ги поколеба домаќините французи да потлекнат пред своите одлуки и пред својот заеднички национален интерес контра сите критики од целиот свет.
Тоа беше една Франција.
Р. Македонија доби организација како земја домаќин на европски младински олимписки фестивал за 2025 година.
Спортски меѓународен настан кој ги открива идните големи олимписки и светски спортски шампиони за некоја година на олимпијадите во 2028, 2032, 2036 година…
Воедно оваа е ретка можност за нашата Македонија за да се покажеме пред Европа и светот како домаќини и организатори, а воедно и да ја промовираме нашата татковина Македонија.
Знаеме многу добро кои сме, какви сме и кои ни се можностите, но ете да ја искористиме оваа шанса и да се потрудиме за заеднички национален репрезент пред очите на европската спортска јавност.
Но, нашата стара рак рана и македонска реалност повеќе од три децении и овојпат преку ЕМОФ дојде до највисок израз.
Европскиот младински олимписки фестивал беше ринг за одмерување на спортско авторитативни сили, политика во и надвор од спортот, лажирање на информации по допрен глас од домашни и меѓународни извори , пласирање на дезинформации со искривена слика, фејк њуз и погазување на националните интереси од страна на “виртуелни патриоти”.
Некој ќе рече дека јас размислувам пристрасно, го бранам МОК, односно дека за мене ЕМОФ е перфектен настан и беспрекорно организиран од наша страна, но веднаш ќе кажам и констатирам.
Точно е дека имаше пропусти , грешки, имаше аномалии…
Како и ЛОИ 2024, како и останати светски првенства, како и секој жив човек и настан на светот.
ИМАШЕ ПРОПУСТИ.
Но, како никаде во светот сами си ја срамевме државата и си ја газевме јавно и транспарентно пред Европа по што нормално тие си добиваа сила и во хор се жалеа со нашите.
За ова сме светски и докажани шампиони и тука ни нема рамен.
Па еве и конкретно да го дадам моето мислење, стручно познавање и искуство од лице место.
1. Паднал плафон во соба во хотел Континентал. Драма и фотографија на инстаграм.
Плафон да паднал немало никој да пише од таа соба. Паднал дел од гипс плафон (250 грама некаде) затоа што спрат погоре спортистка го зезнала одводот и протекло вода.Како и во секоја зграда што се случува во нормалниот свет. Се решава кратко и јасно. Па дури може во Континентал и да ги префрлат во друга соба без никоја драма. Ама пошто спортистката не освоила ништо на ЕМОФ и ете парче од гипс картон и е виновен, а нашите драма за плафонот. МОК и Столе од Џидимирци се виновни што спрат погоре закукале одвод. Студио ?!
А како било во хотелите ?
Спиеле во две/двајца во кревет ?
На ова се жалеле, не ме зезај 

А што да кажат лани олимпијците од Париз кои спиеа на картонски кревети ?!
Во секој хотел има брачни кревети и кога капацитетот ќе се исполни од многубројни репрезентации, секако дека ќе спијат и на брачни кревети. Дури има многу што повеќе ја одбираат таа можност и тоа е нормална појава на големи првенства кога се работи за сместувањето.
А како го виде ова просечниот ФБ патриот во Македонија ?
Демек спиеле еден врз друг, немало место ни милиметар да мрднат ни лево ни десно.
Па уште немало тоалет за секоја соба, алооооооооооо.
Страшно, страшно…
Деца вчера влегоа во спортските води, бараат соба сами, со посебен тоалет и најверојатно кетеринг.
Се гледа од небо до кај ќе стигнат кога ова им е побитно од резултатот.
Мислиш како Роналдо изградиле кариера и оп барања до плафон.
2. Велосипедисти прегазени на тренинг.
Дур читаш стигаат други вести, трети, четврти.
Од многу вести за велосипедистите почнаа да ги грешат имињата, државите, настанот, годините. За побргу да направат драма пишуваат Исланд, објавуваат фотки од Литванија, болници од Мексико, тетоважи од Ибица. Посебно нашиве стручњаци со свое мислење.
Да ви објасни еден нормален спортски работник што е тренинг на меѓународен натпревар.
Тоа се вика ОФИЦИЈАЛЕН ТРЕНИНГ.
Посебно кога првенството/настанот е за млади спортисти и во овој случај кога се работи за ризичен спорт (се вози на друмски пат).Па се обезбедува или блокира патот по претходно утврдена рута и време за тоа. Си има сообраќајно обезбедување и посебен протокол за тоа по репрезентации.
Тоа што некој сам се одалечил на своја волја и притоа може тој е виновен за инцидентот (не знаеме уште, а го осудуваме нашиот шофер) за тоа никој не елаборира и спомнува.
Битно е јавно да се осуди нашиот шофер, па после Македонија како домаќин, па МОК, па влада и на крај Стојче од Каменица.
3. Драма на воениот стадион кај тренинг зоната. Млад хрватски атлетичар ИМАЛ СУКОБ СА ВОЈСКОМ и трчал потоа уште помотивиран. Снима стори, го пушта на инста и се гордее што СУКОБОТ СА ВОЈСКОМ го мотивирал да трча побрзо. Браво мали, секоја чест. Те подржаа и нашите виртуелни патриоти во Македонија контра таа војска. И тие како тебе немаат служено војска, биди сигурен, а плус натепале по 40тина години живот.
Малиот сакал нешто да присвои од реквизитите на стадионот. Бил фино предупреден и му било објаснето дека тоа не е негово за да го земе. Он тоа го протумачил као СУКОБ. Е затоа мали кај тебе и кај нас треба да има редовно отслужување на воен рок. За да научиш што е почит кон некој што е гордост на својата татковина и облекол униформа. Тој нема никогаш да ти направи штета, туку ќе ти помогне доколку си љубезен и го почитуваш.Само така ќе ги научиш вистинските морални вредности и ќе прераснеш во вистински маж преку примерот на војникот. Затоа е измислен воениот рок и треба да се врати не само за тебе, туку за целата младина.
4. Се скинала мрежичката на кошот. Е добро де се скинала, ќе се смени. Ама чек додека се смени. Сликај побргу брат. Пуштај на инста, брзо. Драма од нашите ФБ патриоти, од никој друг. Брука, срам, МОК, Министерства, сите од општина Гази Баба. За малку Трамп ќе ни пуштеше санкции зашто се скинала мрежичката на кошот. Тој што не го бива за баскет, како што кај нас еден куп не ги бива за промоција и борба за националните интереси, нема никогаш со баскет да го погоди кошот и да има и да нема мрежичка. Толку за ова.
5. Храната била малку и со слаб квалитет.
На секој оброк имаше по три врсти на храна. За вегетаријанци, за месождерци, салатари, паста парти. Имаше салати, имаше и благо. Имаше доволно па и за бирање вкус. Тие што земаа репете x 2 и x 3 пати никогаш нема да го признаат, а тоа беше реалност. Никој од кетерингот не им забрани да земаат репете и да полнат ранци за по пат, а можеа да ги спречат. Ама ете веста беше дека биле гладни. Нашите ФБ патриоти и плукачи по се македонско нормално драми кон неспособност на МОК, Министерство за спорт, град Скопје, кафана КАЈ МУНЕ и Благојчо од Виница.
Ги оставиле гладни, кутрите тие.
6. Немало клими ? Имаше клими, а клими немаше лани во Париз на една олимпијадата. Таму врвни олимписки шампиони не се жалеа дека ги немаше, овде ги имаше и се жалат со драми подржани од македонски ФБ патриоти кои коментираат од други држави под ладни клими и на сигурно од пожарите кај нас. Браво браќа и сестри, аплауз.
7. Вода немало ?!
Имаше, имаше… Имаше доволно секаде бидејќи вонсериски се ангажиравме да го покриеме срамот баш на тие што се жалеа на недостаток на вода и мраз. Баш тие ја фрлаа водата во ненормални количини како ѓубре расфрлано и земаа по цели кеси мраз за да извадат само 10тина коцки , а останатиот дел да го остават да се топи на пеколот паралелно расфрлано со шишињата вода. Тука можам слободно да проценам дека 1/3 од водата беше неискористена и фрлена во неповрат.
……………………………………………………………
Има уште многу да пишувам, ама секој конкретен пример води кон едно.
Сами сме си виновни за лошата слика која ја креираме сите заедно.
Македонска реалност која е дефинирана со добро познатата ОД НАШИТЕ СИ ПАТИМЕ, НЕ ОД ДРУГИТЕ.
Овој пример ме потсети на многу важни моменти на поновата историја од независна Македонија.
Како на пример на воената 2001 година кога едни гинеа на браникот на татковината, за да други одбегнуваат повик од АРМ и МВР како резервисти и притоа гледаат пренос од плажите кај јужниот сосед и ја коментираат состојбата.
Тие се тие виртуелни патриоти.
И сега се скоро истите.
Рамнат сметки со неистомисленици во политиката, изразуваат незадоволство што се докажано неуспешни во олимпизмот/спортот, ништо не мрднале ни со прст за Македонија, учествуваат во странство на спортски настани во чест на терористи и терористички организации и тие се нашле за авторитетни да коментираат и судат организации во Македонија ?
Молам ?! Сериозни сте ?!
Господе Боже, господееееееееее….
Всушност тие не ни имаат вера, а камоли да веруваат во Бога ама морав така да се изразам.
Но, тоа е…
Вистината за еден ваков голем спортски настан и она по што ќе се памти е успехот, спортските достигнувања, рекордите, дружбите, пријателставата.
Сите за некоја недела ќе ги заборават проблемите на ЕМОФ и за векови ќе останат токму оние трајни вредности на спортот.
Конкретно во атлетиката тоа беа 6 дена незаборавно спортско искуство и врвно организирани натпревари. Сите судии, волонтери, војници и авторитети на националната арена одработија да младите атлетичари добијат совршен терен и услови за најдоброто од себе.
Се под конец одработено, без доцнење по време на дисциплините, културно, врвно, па дури и падна светски рекорд.
Токму тоа го гледавме на лицата на атлетичарите/ки кои многупати ни се заблагодарија за секој наш ангажман, потег, поддршка, помош, стручен совет…
Тоа за нас кои бевме цела недела на лице место беше најголемата награда за сработеното паралелно за најпеколната недела за оваа година во Македонија.
Тоа ни значи највеќе.
И секако…
Највеќе ни значи што нашиот труд за својата Македонија беше награден и подржан од реалните, вистинските патриоти и почитувачи на својата татковина кои се свои на своето.
На сите Вас највеќе благодарност од срце.
Ваш Игор МС Јакимовски“, напиша тој на социјалната мрежа.