Спорт

Карма: По фијаското со Алкалоид во Европскиот куп, АЕК остана и без титулата во Грција

Ракометарите на АЕК ги стигна кармата по неславното бегство од реваншот со Алкалоид во финалето на Европскиот куп, што ги чинеше пехарот во третото клупско натпреварување на ЕХФ по ранг, па тимот од Атина остана и без шампионската титула во Грција. Во мајсторката од финалето на плејофот АЕК загуби со 32:30 на свој терен од […]

Ракометарите на АЕК ги стигна кармата по неславното бегство од реваншот со Алкалоид во финалето на Европскиот куп, што ги чинеше пехарот во третото клупско натпреварување на ЕХФ по ранг, па тимот од Атина остана и без шампионската титула во Грција.

Во мајсторката од финалето на плејофот АЕК загуби со 32:30 на свој терен од Олимпијакос во натпревар одигран пред празни трибини по казната за домашниот тим поради однесувањето на неговите навивачи, истите тие што му се заканија на тимот да не го одигра возвратниот дуел со Алкалоид во Скопје по поразот од 29:25 во првиот меч дома!

Тука не завршува неволјата за АЕК, бидејќи го чекаат санкции и од ЕХФ за самоволието во финалето на Европскиот куп, покрај астрономска парична казна од ЕХФ најверојатно и забрана за настап во еврокуповите, па единствената светла точка сезонава ќе му остане триумфот во Купот на Грција.

Најнови вести од: Спорт

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се пласира во финале на турнирот во Куршумлиска Бања

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска се избори за финале на турнирот што се одржува во Куршумлиска Бања, откако во полуфиналниот меч ја совлада Русинката Дарија Астахова со 2-1, по сетови 2-6, 6-2 и 6-4. Нашата Лина не го започна најдобро мечот и го загуби првиот сет, но во продолжението успеа да ја наметне својата игра и […]

Приведен кумановец кој се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина на натпреварот во Куманово

Полицијата во  Куманово го лиши од слобода С.М. (30) од Куманово, кој се сомничел дека на полувреме од кошаркарскиот натпревар се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина. По целосно расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок, известуваат од Министерството за внатрешни работи. Оттаму додаваат дека на разговор биле повикани неколку лица во […]

To top