Филип Кузмановски е на третото место на листата на стрелците по завршувањето на првата фаза по групи на 17. Европско првенство за ракометари во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонскиот капитен на трите одиграни натпревари постигна вкупно 28 гола од 43 удари и реализација од 65,1 проценти.
Пред него се само колидерите Франсиско Кошта од Португалија со 29 погодоци од 43 обиди (67,4 отсто) и Ѓорѓи Цховребаѕе од Грузија со 29/47 (61,7%).