Спорт

Личните односи со селекторот Лазаров не му даваат на Манасков да игра за Македонија

Смеат ли личните односи да влијаат на одлука за националната селекција?

Крилото на Пелистер Еурофарм Дејан Манасков го одби повикот да игра повторно за Македонија поради личните конфликти со селекторот Кирил Лазаров.

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Дејан Манасков преку објава на социјалните мрежи откри дека нема да игра за Македонија се додека селектор е Лазаров.

Причината за оваа одлука според Манасков е селекторот Кирил Лазаров со кој има нарушени односи и кој неколку години не го повикувал за репрезентативен настап.

„Почитувани, Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката. Во изминатите единаесет години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес.

Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван.

После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!“, напиша Манасков.

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top