Спорт

Македонија издржа едно полувреме во Копенхаген

Избраниците на дебитантот на македонската клупа Седлоски загубија со 4:0 од Данска во баражот за Светското првенство

Сонот за прв настап на светските првенства македонските фудбалери ќе продолжат да го сонуваат и по баражот со Данска во Копенхаген, кадешто загубија со 4:0, откако во првото полувреме немаше голови.

Дебито на Гоце Седлоски на клупата на репрезентацијата на Македонија помина во целосна доминација на домашните играчи на распродадениот стадион „Паркен“, кадешто играта на „црвено-жолтите“ буквално се распадна по подарок-голот за Микел Дамсгорд во 49. минута по несмасната реакција на македонските дефанзивци пред голот на Столе Димитриевски.

Шокот по примениот гол резултираше со уште два набрзина за Данците, и двата за Густав Исаксен во 58 и 59 минута, а Кристијан Норгорд во 76. минута само го потврди прецизниот удар на Кристијан Ериксен од корнер.

Покрај Седлоски, деби за Македонија запишаа и Колумбиецот со македонски пасош Себастијан Ерера, како и „Американецот“ Дени Мусовски.

 

Најнови вести од: Спорт

Македонските ракометари во група со Шведска, Грција, Луксембург во квалификациите за ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите од квалификациската група за пласман на Европското првенство 2028 на извлекувањето што вечерва се одржа во Лисабон

To top