Спорт

Македонија во вториот шешир ако се пласира на СП 2027 за ракометари

„Црвено-жолтите“ ќе бидат привилегирани со полесни ривали ако го поминат баражот против подобриот меѓу Украина и Словачка

Машката ракометна репрезентација ќе биде извлечена од вториот шешир во ждрепката за групите на 30. Светско првенство 2027 во Германија, ако го помине баражот со подобриот меѓу Украина и Словачка, реши Светската ракометна федерација (ИХФ).

Покрај „црвено-жолтите“, во вториот вредносен сад ќе бидат и победникот меѓу Франција и Чешка, како и подобрите од двојките Финска/Црна Гора – Словенија, (Турција/Романија) – Норвешка, (Литванија/Србија) – Унгарија, (Грузија/Израел) – Шпанија, Швајцарија/Италија и (БиХ/Косово) – Фарски Острови. Со овие селекции избраниците на селекторот Кирил Лазаров нема да се сретнат во прелиминарната групна фаза.

Носители на групи на јубилејниот мундијал ќе бидат Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина.

Третиот шепир ќе го сочинуваат победниците од дуелите Грција/Белгија) – Холандија, Летонија/Полска -Австрија, како и Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле и претставник на Северна Америка.

Аутсајдери на хартија се Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај и двата добитника на вајлд-карти.

Извлекувањето на осумте групи по четири тима ќе се изврши во јуни во Минхен, a шампионатот ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2027 година.

 

Најнови вести од: Спорт

To top