Вукашин Јовановиќ ѝ донесе на Македонија златен медал од Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразил, кадешто во финалето од категоријата до 67 килограми славеше со 2-2 (3-2) над Амин Абделмалки од Белгија.
Во полуфиналето Јовановиќ го совлада Хосеин Вафа од Иран со 8-4, во четвртфиналето триумфира над Заморан Кабелјо Шоте од Шпанија со 8-0, а во групата беше подобар од тројца ривали.
Златото на Јовановиќ е четвртото одличје за македонското карате од ова натпреварување во Бразилија по среброто на машкиот кумите тим и бронзите на женскиот, како и на Стефан Стојановиќ во категоријата над 84 кг.