Спорт

Македонскиот репрезентативец Серафимов го засили Левски

Централниот дефанзивец на „црвено-жолтите“ потпиша до 2028 година со вториот најтрофеен клуб во Бугарија

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов, од денеска и официјално е нов играч на бугарскиот вицешампион Левски, ставајќи потпис на тригодишен договор со вториот најтрофеен клуб во Бугарија со 26 титули.

„Добредојде Никола Серафимов! 26-годишниот централен дефанзивец и репрезентативец на Северна Македонија потпиша со Левски до летото 2028 година. По неколку сезони во Унгарија и 22 натпревари за репрезентацијата, Серафимов избра да го носи синиот дрес. Да му посакаме многу победи, здравје и незаборавни моменти!“, објави клубот од Софија.

Стрелецот на еден гол за Македонија во победата над Летонија во Лигата на нациите минатиот ноември доаѓа од унгарски Фехервар, за кој настапуваше последните три сезони, во кои на 64 одиграни натпревари постигна гтри погодока.

Скопјанецот роден пред 26 години потекнува од младинската школа на Вардар, чиј дрес го носеше и во сениорска конкуренција, беше дел и од Пелистер и Брегалница, а има играно и за Академија Пандев и во унгарски Залаегерсег.

Најнови вести од: Спорт

To top