Спорт

Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген со реприза на Палермо во мислите

Мечот в четврток, во кој „црвено-жолтите“ посакуваат повторување на триумфот над Италија од 1:0, ќе го суди Германецот Цваер

Македонската фудбалска експедиција, составена од избраниците на селекторот Гоце Седлоски, дел од раководсгвото на ФФМ и новинари, по тричасовен лет од Скопје пристигнаа во Копенхаген, кадешто в четврток од 20:45 часот на распродадениот стадион „Паркен“ ќе ѝ излезат на мегдан на Данска во баражот за Светското првенство 2026 во САД, Мексико и Канада.

Желбата за реприза на сензационалниот триумф над Италија од 1:0 на денешен ден пред четири години во Палермо е заедничката мисла-водилка на сите во македонскиот табор, што ја подгрева атмосферата пред уште еден настап за историјата на македонскиот фудбал.

Победникот од четвртиот меѓусебен дуел на 31 март ќе игра со подобриот меѓу Чешка и Република Ирска во последниот филтер за мундијалот.

Мечот задутре ќе го суди Германецот Феликс Цваер, а за обложувалниците Данска е изразит фаворит, за што зборува коефициентот 1,30 за нејзина победа и дури 10 за ново чудо на Македонија.

Најнови вести од: Спорт

To top