Спорт

Македонските кошаркари со победа над Унгарија се простија од СП

„Црвено-жолтите“ славеа со 82:75 во последниот натпревар од мундијалските претквалификации

Кошаркарската репрезентација на Македонија ги заврши претквалификациите за Светското првенство 2027 со победа над Унгарија од 82:75 во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Избраниците на селекторот Маријан Илиевски ги добија првите три четвртини со 23:15, 22:17 и 19:18, а на гостите им припадна последната со 25:18 во мечот што берше формалност, со оглед на тоа што во него „црвено-жолтите“ влегоа без шанси за пласман во квалификациите.

Американецот со македонски пасош Џејкоб Вајли беше најдобар во победничкиот тим со 23 поени, а Виктор Ташовски и Андреј Митревски постигнаа по 14.

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top