Ракометната репрезентација на Македонија можеше да победи, но и да загуби од Австрија во контролниот натпревар во Брегенц, кој заврши нерешено 30:30 откако избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа предност од четири гола во второто полувреме, за на крајот за избегнат пораз со реализираниот седмерец од Филип Кузмановски во последната секунда.
Во средината на вториот дел токму Кузмановски погоди за максимални 24:20, принудувајќи го австрискиот селектор Ромеро да побара тајмаут.
Ромеро го стори тоа и при водство на Македонија од 29:27 четири минути до крајот, по што неговите играчи го свртеа резултатот во своја полза (30:29), пред Марко Митев во последниот напад да изнуди исклучување и потоа прекршокот врз Мартин Велковски да резултира со удар од 7 метри што го претвори во гол македонскиот капитен.
Кузмановски беше најефикасен во македонскиот состав со 10 гола, пет постигна Митев, а Велковски и Николов по три.
За „црвено-жолтите“ ова беше квалитетна проверка за мундијалскиот бараж во мај со подобриот од двомечот меѓу Словачка и Украина, во кој Словаците пред утрешниот реванш од 13 часот во Повашска Бистрица имаат предност од 27:24 по победата во германски Бенсхајм.
Македонија го чека севкупниот победник за дулите на на 13/14 и 16/17 мај, во кои ќе атакува на своето јубилејно десетто учество на ракометните мундијали.